| четврток, 6 декември 2018 |

Добрите владини мерки даваат резултати и покрај политичките кризи од опозицијата

Раст од 5,5 проценти на индустриското производтво има и во првите осум месеци од годинава споредбено со минатата, што, според Груевски, е одличен показател дека и во вакви сложени политички услови индустријата расте, односно има зголемен обем на работа

По официјалниот почеток со работа на германската компанија „Костал“ во просториите на поранешен „ЕМО“, лидерот на владејачката партија ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски одговарајќи на новинарски прашања, потсети на последните податоци на Заводот за статистика за раст на индустриското производсво од 5,2 отсто во август, споредено со истиот месец во 2015 година.

– Растот на индустриското производство, извозот и намалувањето на невработеноста покажува дека и покрај тешкотиите што и се создадоа на македонската економија од политички кризи од опозицијата добрите владини мерки даваат резултати – оцени денеска Груевски.

Раст од 5,5 проценти на индустриското производтво има и во првите осум месеци од годинава споредбено со минатата, што, според Груевски, е одличен показател дека и во вакви сложени политички услови индустријата расте, односно има зголемен обем на работа.

– Покрај ова беше објавен и податок кој покажа дека извозот е пораснат за околу шест проценти. Тоа дополнително укажува дека и покрај тешкотиите што и се создадоа на македонската економија со предизвикувањето полтиички кризи од страна на опозицијата, поради добриот амбеинт што беше направен од страна на Владата, добрите мерки и добрата бизнис клима во Македонија и покрај огромните опструкции и тешкотии со кризата и сите политичкик попречувања што беа направени имаме напредок во економијата. Имаме раст на извозот и раст на идустриското производство, намалување на невработеноста и прилив на нови компании кои отвораат нови работни места, изјави Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top