Аларм од жолта фаза во Скопје и пелагонискиот регион прогласи денеска европската метеоролошка станица. Предупредувањето се однесува на обилни врнежи од дожд.
Во западните и во северозападните делови врнежите ќе бидат пообилни, каде се очекува да наврне над 25 литри на м/2 воден талог.
Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, а во западните делови повремено ќе се засилува.
Во Скопје ќе не следи облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет кои повремено ќе бидат обилни. Температурите ќе се движат до 15 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.