Познато е дека Адолф Хитлер сакал млади девојки, а се чини дека кон нив бил фателно неодолив. Поради неговата приказна со оваа девојка, имало два обида за самоубиство.
Многмина сметаат дека во екот на подготовките за Втората светска војна Хитлер не придавал големо значење на љубовниот живот. Но, една млада девојка успеала да го привлече неговото внимание. Фирерот се среќавал со неа секои десет дена и покрај густиот распоред.
Младата Британка Јунити Митфорд потекнува од аристократска лоза и во тоа време била многу позната. Познатиот политиколог Михаела Карл првпат во својата книга пишува за тоа како дошло до врската меѓу нив двајца.
Двојката се запознала во 1935 година во неговиот омилен ресторан во Минхен. Меѓу 1935 и 1939 година се наоѓале на секои 10 дена.
– За диктатор кој паралелно подготвувал светска војна, тоа се многу средби. Вкупно 140 – вели авторката Карл.
Хитлер ја носел на неколку големи нацистички настани.
– Била многу интелигнетна жена, размислувала со својата глава. Не била како Ева Браун која не била заинтересирана за ништо – велел неговиот соработник Алберт Спер.
И Ева Браун била многу љубоморна на неа.
– Госпоѓа Хофман ми рече дека ми нашол замена – напишала Ева. Првиот обид за самоубиство на Бран многумина го протолкувале како чин на љубомора, пишува „Дејли мејл“.
Кога Франција и Англија и објавиле војна на Германија во 1939 година нејзиниот цел свет се срушил. Не било јасно што се случило, но се чини дека Јунити си пукала во глава. Обидот за самоубиство го преживела, но била тешко ранета и Хитлер ја сместил во болница во Минхен. Подоцна била вратена во Велика Британија, но Хитлер никогаш не ја преболил. Починала во 1948 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.