| четврток, 6 декември 2018 |

Ристовски: Во академската 2016/2017 Владата во целост ги покрива трошоците за достапност на ЕБСКО базата

Во рамки на пошироката стратегија за поддршка и придонес кон развој на науката и научно истражувачката дејност во Република Македонија, меѓу бројните проекти, мерки и активности за подобрување на условите за работа на научно истражувачките кадри, професорите и студентите, во изминатите 4 години Министерството за образование и наука во соработка со 5-те државни универзитети и НУБ Св. Климент Охридски во Скопје, обезбедуваше бесплатен пристап до една од водечките светски научно истражувачки бази, а тоа е ЕБСКО базата која постои повеќе од 70 години.

-Оваа база беше прилично користена од оние за кои е наменета. Извештаите покажуваат дека на годишно ниво има повеќе од 100 илјади вклучувања, односно прегледи од корисници од нашата земја, кои електронски го обезбедуваа потребниот материјал, податоци и информации за изработка на соодветно истражување, за изработка на соодветен проект, или било каков труд во одредена област, истакна заменик министер за образование и наука, Спиро Ристовски.

Поради тоа, истакна Ристовски, одлучиле оваа можност да биде достапна и во академската 2016/2017 година, практично петта академска година по ред, со тоа што, отсега Владата во целост ј а презема обврската за котизација, односно за покривање на трошоците за достапност на ЕБСКО базата, кои изнесуваат Околу 75.000 долари на годишно ниво.

-Така што и оваа година 5те држави универзитети. Универзитетот на Југоисточна Европа, Македонската академија на науките и уметностите и НУБ Св. Климент Охридски повторно го имаат на располагање еден од нај големите светски  агрегатори на современа меѓународна литература и списанија со висок фактор на влијание. Апелирам оваа можност да продолжи да се користи и да се искористи, првенствено во ефектуирањето на личниот труд, а со тоа и да се придонесе кон развој на научно истражувачката дејност во нашата земја и секако кон нејзиниот рејтинг во оваа сфера на меѓународно ниво, заклучи Ристовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top