| четврток, 6 декември 2018 |

Се реконструира и проширува патот кон Теферич (фото)

pat1

Течат градежните активности за реконструкција и проширување на дел од пристапниот пат кој води кон рекреативниот центар Теферич. Градоначалникот на општина Кисела Вода и раководителот на Центарот за развој на Скопскиот плански регион денес на терен извршија увид во реализација на овој проект кој e од големо значење и за општина Кисела Вода, но и за општина Сопиште бидејќи локалниот пат Теферич ги поврзува овие две општини минувајќи низ нивните локалитети.

Сообраќајното значење е уште понагласено бидејќи истиот служи и за поврзување на централното градско подрачје со регионалниот пат Козјак, со што се вклучува во сообраќајните текови ширум регионот и државата.

bba

Реконструкцијата се одвива на улиците “Мариовска” и дел од улицата “Христо Татарчев”, се до спојот на реконструираната улица кај црквата Теферич. На овој потег ќе биде поставен нов асфалт, ќе се изработат тротоари кои ќе бидат поплочени со бехатон плочи, ќе се прошири патот, а потоа ќе биде поставено и осветлување. Градежните работи треба да завршат до крај на годината.

Носител на проектот кој е инициран од општина Кисела Вода е Центарот за развој на Скопски плански регион, а како партнери освен општина Кисела Вода, се и градот Скопје и општината Сопиште.

teferic1

 Средствата за кои Кисела Вода аплицираше преку Секторот за локален економски развој, се обезбедени од страна на Бирото за регионален развој (БРР)/Министерство за локална самоуправа (МЛС) согласно програмата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top