Неодамна белградската полиција ја уапсила проститутката Весна М. (24) од Белград и случјно открила монструозен случај, во кој Весна организирала група од шест момчиња кои за сексот ѝ плаќале со просење.
Во меѓувреме кај децата од 12 до 14 години е откриено присуство на хепатит С, а постои сомнеж дека ги заразила и со ХИВ, бидејќи Весна М. ги има и двата вируса и се лекува како и момчињата.
За драмата што се случувала во близина на центарот на Белгад се дознало случајно. Жена пријавила дека често гледа дете во шумата на Звездара како шета само и мислела дека е киднапирано. За неколку дена прјавила дека има уште деца, дека некои од нив се бели, а некои темнокожи. Патрола отишла да види што се случува, а таму ја зтекнале Весна М., Ромка, и момчињата.
Непознато е како стапила во контакт со децата, кои потекнуваат од расурени семејства, па затоа и лесно се врзуваат за луѓе кои ќе им пужат малку внимание. Ги навела на секс, а бидејќи немале да платат, ги пинудувала да просат и да ѝ ги дадат парите. Така влегле во круг од кој не можеле да излезат, а згора на сѐ сега се и болни.
Кога ги нашла полицијата, децата изгледале запуштено, со рани по телото. Весна не работела сама, имала макро, а полицијата трага по него.
Полицијата утврдува дали Весна намерно г заразлила децата и уште колку други луѓе заразила со двата вируса.
Пред неколку години во Србија е уапсена 27-годишна девојка која намерно заразувала со ХИВ бизнисмени. Ја пријавил бизнисмен кој се заразил, а вирусот ѝ го пренел и на сопругата.
Таа знаела дека има сида уште на 20 години, но криела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.