| четврток, 6 декември 2018 |

„Деца на сонцето“ навистина постојат: Штом ќе зајде сонцето, овие деца се преобразуват во билки

Браќата Абдул Рашид (9) и Шоаиб Ахмед (13) се како кои бло други деца кои се играат и растат заедно. Но, кога ќе падне мрак, „соларните деца“ преминуваат во вегетативна состојба, во која не се способни да се движат, да зборуваат или да јадат.
Професорот по медицина на Пакистанскиот институт за медицински науки Јавед Акрам вели дека овој случај ги збунил пакистанските лекари, но и странските експерти кои се вклучиле во истражувањето на овие деца.

-Го земавме овој случај како голем предизвик. Нашите лекари се обидуваат да ја откријат причината поради која децата се активни преку ден, а навечер не можат ни да ги отворат очите, ниту да прозборат, или да јадат, изјавил професорот.

solarni-decaci-1-profimedia-0290691582_1000x0

Состојбата на децата се истражува во Исламабад, а примероци од нивната крв како и примероци од земјата и воздухот од нивната средина се пратени кај експерти во странство. Мохамед Хашим, таткото на овие необични браќа, доаѓа од провинцијата Балучистан.

Таткото и мајката на децата се блиски роднини, кои освен соларните браќа имаат и две здрави деца, додека две деца им починале во раното детство.

-Моите синови добиваат енергија од сонцето, едноставно гледа таткото на оваа мистерија.

solarni-decaci-2-profimedia-0290691315_1000x0

Лекарите веќе ја отфрлиле можноста за влијанието на сончевата енергија, бидејќи децата можат да се движат и да функционираат и во мрачна соба во текот на денот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top