| четврток, 6 декември 2018 |

По 78 години „кралска“ свадба во Албанија: Се ожени внукот на кралот Ахмет Зогу во Тирана

По 78 години од венчавката на албанскиот крал Ахмет Зогу и унгарската принцеза Гералдина, во Тирана одржана е голема „кралска“ свадба, пишува Охрид 1.
На лудиот камен стапна нивниот внук, Лека Зогу Втори, кој на вечна љубов и се заколнa на албанската актерка и пеачка Елиа Захариа, со која во врска се од 2008 година. Свадбената церемонија се одржа во „Палатата на бригадите“, поранешна „Кралска палата“, со присуство на над 300 гости.

svadba2

На свадбата, покрај претставници од политичкиот и општествениот живот на Албанија, присуствуваа и претставници на повеќе кралски семејства од светот, меѓу кои и принцезата Леа од Белгија, принцот Али од Египет, принцот Филип и принцезата Елизабет од Линхенштајн, српскиот принц Александар и принцезата Катерина, кралицата Софи на Шпанија, како и претставници на кралски семејства на други држави.

Младите, граѓанскиот брак го склучија пред градоначалникот на Тирана Ерион Велиај, а ги благолсовија првите луѓе на петте верски заедници, како потврда на верската хармонија во Албанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top