| четврток, 6 декември 2018 |

Свечена академија во Собранието по повод 11 Октомври

По повод 75-годишнината од Денот на народното востание – 11 Октомври, денеска ќе се одржи Свечена академија под покровителство на претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски.

По завршување на академијата, како што соопштуваат од собраниската прес-служба, ќе следува свечено отворање на Големата сала во Собранието на Република Македонија.

На академијата и на свеченото отворање е поканет државниот врв, пратениците и министрите од првиот состав на Собранието на Република Македонија, дипломатскиот кор, како и претставници од сите сфери на политичкиот, културниот, научниот и економскиот живот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top