| четврток, 6 декември 2018 |

Размена на искуства и признанија, Ѓорѓиоски и Тавекио на работна средба во Скопје

Денеска во рамките од квалификациите за Светското првенство, македонската фудбалска репрезентација за само три дека од поразот од Израел во третото коло го пречекува четирикратниот светски шампион, репрезентацијата на Италија.

Натпреварот се очекува да се игра пред преполни трибини на арената „Филип Втори“ бидејќи досега Италија не гостувала во Скопје и привлекува огромен интерес.

Во рамките на посетата на фудбалската федерација на Италија покрај високите преставници во Скопје допатува и првот човек на „аѕурите“ Карло Тевекио. Денеска, на заедничкиот ручек со претседателот на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски беа разменети искуства и признанија, а беше разговарано и за начиот на работа на двете федерации.

Ваквите средби се од огромно искуство за нашиот национален сојуз и прибирање информации за иднината на фудбалот и можноста за што поголем развој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top