Почна асфалтирањето на коловозните ленти од новата клучка на автопатната делница кај Милци во близина на граничниот премин „Богородица“.
Изградбата на приклучните улици ја финансира општина Гевгелија со околу 60 милиони денари, а над автопатната делница кај Милци веќе е изграден натпатникот за чија изградба беа инвестирани 24 милиони денари обезбедени од Агенцијата за државни патишта.
– Со овој зафат ќе обезбедиме директно сообраќајно поврзување на објектите од двете страни на автопатната делница. Покрај растоварувањето на сообраќајот, кој особено на оваа делница е многу интензивен, клучката треба да го олесни пристапот до казината „Принцес“ и „Фламинго“, но и до пограничните населени места Богородица и Стојаково, информира општината.
Оттаму истакнуваат дека сообраќајната инфраструктура на јужниот тек од автопатот е особено значајна бидејќи на овој дел се планира и изградба на нов хотелски комплекс и голем трговски центар кај Милци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст