Радослав Пековиќ е новото засилување на македонскиот кошаркарски вице-првак Куманово.
Станува збор за 22-годишен српски кошаркар кој е висок 215 caнтиметри, а кој ќе треба да го реши проблемот на центарската позиција, односно играта под обрачите.
Минатата сезона настапувал за тимот на Тамиш каде во просек по натпревар имал учинок од 7 поени и 3 скока.
Во својата кариера ги има носено и дресовите на белградска Црвена Звезда, а две години бил дел и од тимот на ФМП.
Новата сезона за екипата на Куманово ќе започне во вторник и тоа со натпревари во регионалната БИБЛ лигата против тимот на Теодо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.