| четврток, 6 декември 2018 |

Зоран Маџиров е надвор од животна опасност

Познатиот музичар Зоран Маџиров е во стабилна состојба и надвор од животна опасност, по тешката сообраќајна незгода која се случи вчера околу 16:40 часот на патот од Струмица кон Радовиш.

Според болничките извори на локалниот портал „Струмица нет“, Маџиров е свесен и контактабилен, без повреди на главата и не е во животна опасност.

Маџиров управувал со својот автомбил марка „мерцедес“ и удрил во камион – влекач, по што се здобил со тешки телесни повреди. Веднаш бил пренесен во болницата во Струмица, а од таму, поради сериозноста на повредите пренесен е во Клиничкиот центар во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top