| четврток, 6 декември 2018 |

Бред Пит се сретна со децата првпат по разделбата од Џоли

Бред Пит живее одвоено од семејството откако Анџелина Џоли поднесе барање за развод на 19 септември. Тој деновиве за првпат по непријатната разделба се сретнал со нивните шест деца.

52-годишниот актер и неговата 41-годишна жена, постигнаа привремен договор во врска со старателството врз нивните деца откако тој беше обвинет за вербално и физичко малтретирање на нивниот син Медокс, за време на едно патување со приватен лет.

-Бред ги сака своите деца повеќе од се на светот и тие му значат повеќе од било што. Ќе направи сè што е потребно за да биде со нив, сега и секогаш – изјавува извор за списанието „Пипл”.

Пит се согласил на доброволен план, препорачан од Одделот за деца и семејни служби, во кој се вклучени надгледувани средби со неговите деца, терапија и тестови за дрога и алкохол. Според условите на договорот, најверојатно, бил присутен и терапевт за време на оваа прва средба. Привремениот аранжман за старателство истекува на 20-ти октомври што значи дека тие повторно треба да преговараат. Анџелина Џоли бара целосно старателство додека пак Бред Пит сака заедничко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top