| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска е ден на насмевката

Уште во 1963 година Харви Бол, уметник од Масачусец, создаде икона без која не можеме да ја замислиме денешната преписка на мобилните телефони или компјутерите – родено е насмеаното лице. Тој реши секој прв петок во октомври да е Ден на смајли.

Сè друго што е поврзано за емотиконите е историја, а во 1999 година првпат е одбележан Светскиот ден на насмевката.

Две години подоцна Харви почина, но во негова чест е покрената светската Фондација „Харви Болд насмевка“ со слоганот „Да се направи светот подобро место насмевка по насмевка“. Фондацијата  е воедно и „главниот виновник“, што секоја година се оддржува Светски ден на насмевката, кој се одбележува двапати годишно, во јануари и во мај. Од фондацијата и денеска ги повикуваат сите граѓани на светот некому да измамат насмевка.

Познато е дека насмевката, или уште подобро смеењето на цел глас, носи серии придобивки за здравјето на човекот. Го намалува крвниот притисок, го произведува „хормонот на среќата“ ендорфин, служи како мини вежба за стомачни мускули и го намалува нивото на стрес. Накусо смеењето го прави светот подобро место за живеење

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top