| четврток, 6 декември 2018 |

Си одела кон дома кога ја грабнал – обид за силување на 19-годишна девојка

Вчера околу 16.30 часот во полициската станица во Кичево, 19-годишна кичевчанка пријавила дека истиот ден околу 16 часот, додека се движела пешки кон нејзиниот дом, зад неа одело непознато лице кое ѝ се доближило и со употреба на физичка сила допирајќи ја по телото се обидел да изврши полови дејства. Притоа се слушнале звуци во близина од кои сторителот, најверојатно, се уплашил и избегал.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од кичевската полиција. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top