| четврток, 6 декември 2018 |

Балканот се тресе: Утрово земјотреси во неколку држави од регионов

zemjotres

Нови земјотреси утринава го стресоа тлото на Балканот. Земјотрес од 3,5 степени според Рихтеровата скала ја стресе јужна Грција, а исто така регистрирани се неколку потреси во Турција, со интензитет од 2,5 степени.

Силен змејотрес со магнитуда од 4,5 степени пред неколку часа ги стресе Хрватска и Босна, а беше почувствуван и во Србија.

Регистриран е земјотрес и во Италија со магнитуда од 2,8 степени.

Во Македонија тлото деновиве мирува. Се надеваме дека ќе има и понатаму мирни денови.

Последниот земјотрес се случи пред три дена со магнитува од 3,1 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top