| четврток, 6 декември 2018 |

Младите во САД работат повеќе и заработуваат помалку во однос на врсниците во 1980 година

Вработените млади лица во САД заработуваат помалку отколку припадници на претходната генерација иако работат повеќе, се вели во студија на центарот за истражување Пју рисерч од Вашингтон.

Просечната заработка на младите од 16 до 24 години која во 1980 година изнесувала 28.131 долар годишно, е намалена за 11 отсто во изминатите 35 години.Според податоците на Министерството за труд, годишната плата во 2015 година не надминувала 25.000 долари, наведуваат авторите на студијата.

Од друга страна, популацијата постара од 16 години заработува повеќе отколку во 1980 година, а просечната плата на оние кои заминале во пензија е зголемена за 37 отсто од 36.483 долари во 1980 година, на 50.000 фолари во 2015 година.

Вработените на возраст меѓу 55 и 64 години заработуваат само 10 отсто повеќе отколку нивните врсници во 1980 година, се вели во студијата.

Просечната цена на работниот час за вработени во сите старосни доба, е зголемена е од 19 долари во 1990 година на 22 долара во 2015 година односно за 16 отсто во изминатите 25 години.

Бројот на работни седмици на годишно ниво е зголемен во истиот период од 43 на 46,8.

Според студијата, социјалните давачки исто така се намалени – во 2015 година здравствено осигурани биле околу 69 отсто пензионери во однос на 77 отсто во 1980 година. Придонеси за пензиско осигурување плаќаат само 45 отсто вработени наспроти 50 отсто во 1980 година, односно 57 отсто во 2001 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top