| четврток, 6 декември 2018 |

Што би се случило ако сите станеме вегетаријанци до 2050 година?

Eлиминирањето на месото од исхраната може да донесе многу бенефиции не само за нашето тело, туку и за здравјето на нашата планета. Тоа би влијаело врз животите на милиони, ако не и милијарди луѓе, вели истражувањето на научниците од Универзитетот во Оксфорд,.

Според истражувањето објавено во „Proceedings of the National Academy of Sciences“, бројот на смртни случаи до 2050 година би се намалил за неколку милиони годишно со прехрана која содржи повеќе зеленчук и овошје, а помалку месо. Со таква исхрана, би се заштедиле и милијарди долари.

Нашата исхрана влијае на здравјето и околината

„Небалансираната исхрана е главниот виновник за повеќето здравствени проблеми ширум светот, а прехранбената индустрија е одговорна за над четврина од испуштањето штетни гасови“, објаснува авторот на истражувањето, Марк Спрингмен. Со промена на исхраната во однос на глобалните потреби би можеле да се избегнат 5.1 милиони смртни случаи годишно, а со преоѓање во целосно вегетаријанска исхрана без консумација на било какви производи од животинско потекло, како млеко и јајца, таа бројка би се зголемила на 8,1 милиони луѓе.

Во поглед на климатските промени, воведувањето на вегетаријанската исхрана на глобално ниво би го намалила количеството испуштени штетни гасови поради производство на храна.

Финансиски заштеди

Таквата промена во начинот на исхрана годишно би ги намалила и трошоците за 700-1.000 милијарди долари годишно. Финансиските бенефиции за намалување на испуштањето штетни гасови се проценуваат на околу 570 милијарди долари. Истражувањето покажало дека три четвртини од сите наведени позитивни влијание се однесуваат и на земјите во развој, но влијанието би било највидливо во развиените земји поради поголемата консумација на месо.

15% помалку калории

Истражувањето покажува дека луѓето во просек би требало да консумираат 15% помалку калории. Освен тоа, за добивање исхрана која одговара на глобално прифатените мерки, би требало да се намали внесувањето на црвено месо за 56%, а да се зголеми внесувањето овошје и зеленчук за 25%.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top