| четврток, 6 декември 2018 |

Три дена по грабежот, Ким и Канје се појавија во јавност (Фото)

Ким Кардашијан и нејзиното семејство се појавија на излезот од зградата на нејзиното живеалиште во Њујорк, 3 дена по вооружениот грабеж во Париз. 35-годишната риалити ѕвезда излезе со качулка на главата и се упати кон возилото што ја чекаше, заедно со нејзиниот сопруг Канје Вест и нивните 2 деца(3-годишната Норт и 10-месечниот Сент).

392b659f00000578-3825573-image-a-30_1475770947191

Опкружена со телохранители, потресената Ким ја носеше нејзината ќерка во рацете, која цврсте се држеше за мајка си додека солзи и се слеваа по лицето. Веднаш позади неговата сопруга, видно загрижениот, Канје го држеше нивниот син, кој изгледаше збунет од медиумската бура околу неговите родители.

392b659200000578-3825573-image-m-42_1475771362872

Ким не им обрна внимание на случајните минувачи. Во меѓувреме нејзиниот телохранител, Паскал Дувие беше забележан како пристигнува пред нејзиниот стан во Њујорк. Дувие, кој вети дека ќе ги пронајде напаѓачите, се соочи со критики дека не и обезбедил заштита на ѕвездата во нејзиниот апартман во Париз, додека тој бил излезен со нејзините сестри за време на нападот.

392abc9500000578-0-image-a-51_1475768924129

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top