Незапамтен случај ја потресе Хрватска. Во загребска болница во неделата вечерта, во тешка состојба, донесено било девојче на возраст од четири и пол години. По прегледот, на основа на анализа на крвта, лекарите утврдиле дека девојчето се затруло со кокаин.
Лекарите повикале полиција во болницата која ги уапсила родителите, а против нив поднела кривична пријава.
Во наредниот период ќе се утврди како девојчето дошло до дрогата.
Таткото, кој се лечи од зависност, тврдел дека не знае како дошло до тоа.
Девојчето добро се опоравува и за брзо треба да ја напушти болницата. Детето нема да се врати кај родителите, туку, неофицијално, ќе биде згрижено во некој од Центрите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст