| четврток, 6 декември 2018 |

Забанета е и црногорска и словенечка музика

Авторските здруженија на Црна Гора и Словенија, ПАМ и САЗАС, забранија емитување на музика од нивните композитори и изведувачи во електронските медиуми во Македонија и се приклучија на бојкотот кој го наметна српското здружение СОКОЈ.

„Согласно известувањето оваа забрана стапува на сила почнувајки од 10.10.2016 година, а ЗАМП Македонија е овластена да ги превземе сите потребни мерки за спроведување на забраната и заштитата на правата на членовите на ПАМ и САЗАС. а врз основа на склучените мегусебни договори за реципроцитет. За спроведување на овие забрани. од страна на ЗАМП е ангажирана независна мониторинг агенција која е задолжена да го евидентира користењето на авторските музички права односно евентуалните повреди на авторските права на членовите и штитениците на Сокој-Србија. ПАМ-Црна Гора, САЗАС-Словенија и ЗАМП Македонија“ соопштија од ЗАМП.

Да потсетиме дека ЗАМП од 20-ти септември воведе забрана за радиодифузно емитување на македонска музика од околу 6000 автори за кои тие тврдат дека ги застапуваат по конфликтот со Министерството за култура поради формирање на паралелно здружение СОКОМ МАП и уривање на тарифникот, како и закани за одземање на нивната лиценца.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top