-Некој ќе мора да им ја наплати сета пролеана крв во Ирак, Авганистан, Југославија, Либија, Виетнам. Тоа не може без одмазда. Кога-тогаш, ќе видите, порачал кубанскиот револуционер.
Фидел Кастро, човекот кој е еден од најголемите светски државници на сите времиња и лидер на кубанската револуција, јасен е во својот став дека порано или подоцна САД ќе доживеат страшна одмазда за пролиената крв на невините народи ширум светот, а кои биле жртви на американскиот империјализам.
-Вашингтон го чекаат големи казни, била изјавата на Кастро за кубанскиот весник “Падарела”, која го обиколила светот преку социјалните мрежи. Во тоа интервју, тој зборувал за тоа дека Вашингтон го чека “голема казна” поради крвавите војни кои ги предизвикал ширум планетата, па и на Балканот. Тој е убеден дека Американците еден ден ќе претрпат одмазда поради пролеаната крв во Југославија, Ирак, Авганистан, Либија и Виетнам.
Според зборовите на Фидел, воената и политичката криза која владее со светот е најголема уште од втората светска војна, а токму Американците се виновни за тоа што светот повторно се нашол на работ на голема војна.
-Состојбата во светот е катастрофална. Политичката криза е најголема уште од Втората светска војна. Вашингтон е свесен за својата пропаст, како и за раздорот во ЕУ и НАТО. Некој ќе мора еден ден да им наплати на Американците за нивната лоша надворешна политика. Некој ќе мора да им наплати за сета пролеана крв во Ирак, Авганистан, Југославија, Либија, Виетнам. Тоа не може без одмазда. Кога-тогаш, ќе видите”, јасно порачал во интервјуто кое го пренеле сите светски агенции.
Никој од службениците вчера не ги коментирал овие изјави, но српски експертите оцениле дека зборовите на Кастро укажуваат на тоа дека кубанскиот лидер е свесен колкав притисок моментално Србија трпи од Вашингтон, пишува српски Teлеграф.рс
Америка е најголема закана по кубанската независност во последните 50 и повеќе години. Куба и кубанскиот народ скапо ја платиле својата независност, и поради тоа Кастро е огорчен на Америка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.