Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски денес изврши увид во градежните работи за изградба на автопатот Миладиновци-Штип, по што истакна дека пробиена е целата траса.
–Асфалтирањето е со прв слој во должина од околу 22 километри, втор слој од 11 километри и завршен слој од 2,7 км. Земјените работи се извршени 72 проценти. Завршени се сите армирано бетонски потпорни ѕидови, а се работи на бетонирање на 5 мостови, 8 надпатници, пет потпатници и пет вијадукти, истакна Мисајловски.
Во моментов на автопатот, кој е со должина од 47 километри, работат над 800 градежни работници и ангажирани се над 300 градежни машини.
–На автопатот ќе се изградат 7 клучки и тоа Миладиновци, Средно Коњаре, Преод, Свети Николе-Север, Свети Николе-Југоисток, клучка Кадрифаково и клучка Три Чешми. Вкупната широчина на автопат е 27,4 километри од кои 2×2 коловозни ленти од по 3,75 метри, 2 рабни ленти од по 0,50 метри, 2 рабни ленти од 0,20 метри, ленти за застанување, банкини и разделен појас, објасни министерот за транспорт и врски.
Изградбата на овој автопат започна во мај 2014 година, а следната година ќе возиме по комплетно нов автопат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мисајловски: Молчењето околу измените на Уставот е една очајна политика на власта за манипулирање на граѓаните
-
Внимателно возете: Девијации (преминување од една во друга лента) на патот Кичево-Охрид
-
Владата усвои нови два анекса на договорот за автопатот Кичево-Охрид
-
Патувате за Охрид? Прочитајте ги новите измени во режимот на сообраќај