| четврток, 6 декември 2018 |

Aурелио де Лаурентис: Агентите се туморот на фудбалот

CALCIO, NAPOLI: AURELIO DE LAURENTIIS IN CONFERENZA STAMPA

Сопственикот на Наполи, Аурелио де Лаурентис ги нападна фудбалските агенти поради практиката да земаат процент од трансакциите за фудбалери меѓу клубовите. Италијанецот имаше обраќање на бизнис конференција на стадионот „Стемфорд Бриџ“ во Лондон и ја сподели својата цврста позиција дека клубот од Неапол привлекува само играчи чии права не се врзани со менаџерски агенции.

– Знаете дека тоа е ракот на нашето царство. Не разбирам зошто фудбалерите имаат потреба од агенти. Во Холивуд актерот плаќа сам. Јас не плаќам на агент. Менаџерите се нешто како данок и понекогаш тие сакаат да им се плаќа однапред. Склучуваат договори за пет години, а сакаат да ги земат сите пари за само две-три години, изјави Де Лаурентис, кој е и филмски продуцент.

– Зошто е сето ова? Затоа што кога тие конечно ќе си ги добијат парите, ги тераат нашите фудбалери да полудат. За време на преговорите им велат на играчите дека некој им дава два милиони повеќе. Тоа е туморот на нашиот спорт, додал Де Лаурентис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top