| четврток, 6 декември 2018 |

Дали е добро да се туширате со ладна вода?

Дали е добро да се туширате со ладна вода? Оваа теорија  веќе со децении останува.

Претпоставените предности вклучуваат и подобрување на имунитетот и циркулацијата, ослободување од стрес, будност и јаснотија на разумот – но, дали сето тоа е доволно за да ве убеди секое утро да се туширате со ладна вода?

Туширањето со ладна вода уште еднаш е охрабрено со нова студија спроведена во Холандија.

Во неа се наведува дека учесниците, кои туширањето го завршувале со ладна вода, побрзо закрепнувале од болести.

Уште поимпресивно е тоа дека две третини од испитаниците ( 3 000) изјавиле дека сакаат да продолжат да се тушираат со ладна вода, особено бидејќи им ја подига енергијата, многу подобро од шолја кафе.

Постојат докази дека ладната вода влијае врз острината на разумот; како резултат на шокот, започнувате да дишете подлабоко и на тој начин ја подобрувате работата на срцето, ја забрзувате циркулацијата и ослободувате ендорфин.

Во еден документарец на  BBC, д-р Крис Ван Тулекен изјавил дека со истиот метод со ладен туш ги излекувал пациентите од депресија.

Иако не звучи привлечно, докторите наведуваат дека позитивното дејство од туширањето со ладна вода е докажано.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top