| четврток, 6 декември 2018 |

Вљубен до уши – Џастин Теру ја откри тајната на среќен брак со Џенифер

gas

Џастин Теру, или како што често го викаат господин Џенифер  Анистон, ужива во врската со својата сопруга, а неодамна ја откри и тајната на успешниот брак.

-Бидете добри и сочувствителни спрема својот партнер. Тоа е најважно. Да ѝ се пријде на секоја ситуација од добрата страна и полни со разбирање – ја објаснил едноставната филозофија.

gas2

Тој нагласил уште една работа, а тоа е дека Џенифер е последната личност со која разговара пред спиење и првата со која прозборува во новиот ден.

-Кога не брзаме на работа, сакаме да се развлекуваме наутро и тоа е најдобар дел од денот – додал Џастин и продолжил да ја фали сопругата.

gas3

-Таа е силна личност која доста работи поминала во животот и не ја скршиле. Горд сум на тоа каков борец е и чест ми е да бидам со неа – заклучил вљубениот Теру.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top