| четврток, 6 декември 2018 |

Соланж открива како е да се биде во сенка на Бијонсе

Иако обожавателите се задоволни од новиот албум на Соланж, „A Seat at the Table”, кој го објави минатиот петок, пејачката сеуште се бори да се ослободи од споредбите со нејзината сестра, славната Бијонсе.

beyonc-solange-knowles

Во интервјуто кое таа го даде за списанието Харперс Базар, Соланж освен што го промовира новиот албум кој е со силна политичка, расна и социјална позадина, објаснува како е постојано да бидеш споредувана со постарата славна сестра.

detangling-curly-hair-like-beyonce

-Ги имаме истите родители. Пораснавме во иста куќа, ги слушавме истите разговори, вели Соланж.

-Не треба да биде изненадување што имаме слични размислувања и се бориме за истите работи, додава таа.
foto-137

Затоа, не ѝ сметаат споредбите со Бијонсе: Се гордеам со мојата сестра и со нејзината работа. И двете сме активисти за истите цели, а за тоа можеме да им заблагодариме на нашите родители.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top