„Фејсбук“ денес има проблеми, наведува британски „Индипендент“, кој тврди дека голем број корисници пријавиле проблеми со отворање на страницата. Како што се наведува во нивниот текст, при отворање на страницата „facebook.com“ бројни корисници не добиваат никаков одговор од серверот на Фејсбук и едноставно пред нив се појавува празна површина.
Некои од корисниците изнеле позитивни коментари, радувајќи се што конечно ќе сочуваат малку од своето време, додека други овој дефект изнервирал и сметаат дека Фејсбук ги принудува да ја користат мобилната апликација.
Како што наведува порталот „Даун детектор“ овие проблеми посебно се истакнати на подрачјето на Велика Британија и Европа, каде преку викендот корисниците добивале порака во која е најавен „пад“ на Фејсбук и во која корисниците се молат за трпение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.