| четврток, 6 декември 2018 |

Строс-Кан ѝ плати 1,5 милион долари на собарката што ја силуваше

Доминик Строс Кан, поранешниот директор на Меѓународниот монетрен фонд (ММФ), ѝ исплатил, 1,5 милион долари на собарката Нафисат Дијало, која го обвини за сексуално злоупотребување, врз основа на финансискиот договор што го склучиле во декември, објави францускиот весник „Журнал ди диманш“.

Судијата, Даглас Мекион на 10 декември во судот во Бронкс објави дека двете страни постигнале финансиски договор за исплата на сумата, чијшо износ не е откриен, со што е завршен 19-месечниот судска процес.

Собарката по потекло од Гвинеја примила чек од „малку повеќе од еден милион долари“, што е 30 проценти од сумата што Строс-Кан им ја уплатил на своите адвокати.

Дијало, како што наведува весникот, добила отштета и од таблоидот „Њујорк пост“, од корпорацијата „Руперт Мардок“, кого кривично го гонела поради тоа што ја окарактеризирал како проститутка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top