Две недели по дебаклот на протестот на Шарената револуција, дел од екслидерите на движењето излегоа од илегала. Во интервју за „Минус инфо“, тие ги пренесоа своите трауми и причините зошто понеделничкиот протест мина катастрофално.
-„Шо да ти кажам бе Герче, овој Заев не утепа. Знаеф дека ќе не бие Заев, сите знаевме, ама пуст идеализам не држеше у живот. И на улица, па фарбавме бе друже, фарбавме до мила волја за само 20 евра дневно, ама овој не скрши уше у јули! Не скрши и укина, чоече!“
Главниот шарени застанал и морал да одмори пет-шест минути за да земе здив, раскажува „Минус инфо“, а на прашањето зошто сметаат оти токму Заев е убиецот на Шарената револуција, вандалката од десно го дообјаснила.
-„Тууууу, зар не глеаш чоече, они не убива уше коа го потпишаа тоа договорот на договор и коа се согласива да одат на избори. После Рада као ќе компенизраше и обеќа три-четворица оти ќе ушле у парламент, ама то не ни врши работа бе пеер, ние сне 5-6 стотки луѓе, сите кој пошарен од пошарен, а и парите од дневниците од 20 евра ги побавме летово у Грција. И наеднаш ја укинаа револуцијата, не остаија без дневници бре! Шо да работиме друго коа нишо не знаеме! Башка, ко им спискале амбасадориве, им дале остав и на Оги и Норка за у СЈО, не остаија на цедило бе брат, извини шо те вреѓам и ти викам брат, а ти комуњар, друже де!“ свикала и тешко воздивнала шарената хулиганка, по што со радосен и торжествен тон нејзиниот колега вандал продолжил.
-„За това им откажавме послушност бре, за това. Ај оној Муки со малиот пенис барем се појави на некој протест и фрли некоја фарба по институциите, ама еден куп шо ќе и наградат не напраија нишо бе пеер. Стари комуњари ќе ставале и еден куп „професионални“ новинари на листа. Башка и Албанци планирале! А ние бе? Шо со нас? Е така им го нач..авме и у пет до дванаес им кажавме баш пред протестот дека не доаѓаме, па ги фативме у тесно, хехехе, јако ги заебавме, хихихи! Боље од Катица шо не е Супермен на интервјуто у МТВ ги зезнавме, пукнаа, позеленеа од мука бре, хохохохо!!!“
Во останатиот дел од интервјуто, кое го пренесоа интегрално и „А1, оф!“, „24 паравести“ и ТВ „Селма“ еден од вандалите кој, верувале или не, има иницијали СЈО (Стојан Ј.О.) кажува дека бил горд што сите ги носеле неговите иницијали додека фарбале и признава како поради нивната новопројавена непослушност, Заев, Шилегов и Радмила се скршиле од вртење телефони по градските штабови за да обезбедат бедни 10 автобуси со партијци, кои ги покривале „револуционерите. “ Сметката за мобилните завршила во Општина Струмица, а автобусите и ланч-пакетите ги платиле Циц и Жерновски, за сметка на реновирање на две школи. Сметките во Сити мол каде заминаа протестантите, си ги покриле сами.
По протестот, Заев, Рада, Шилегов, Богоевски, Калајџиев, Тортевски, Грчев, за првпат без Катица во убавото друштво седнале во „Плеј“, ја затвориле кафеаната за други гости и во траорна атмосфера, без изустен збор до утрото глувееле и се тешеле со повторувањето на Дино Мерлиновата нумерата „Опростиќу јој све, ал нисам ја Супермен…“
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
Олаф од Фрозен
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.