Петте македонски државјани што утрово беа протерани од Италија, под сомнение дека ширеле радикален ислам и регрутирале лица за да војуваат во кризните региони од Блискиот Исток, по распитот со домашната полиција се пуштени на слобода.
Разговорот со нив веднаш по слетувањето на аеродромот „Александар Велики“ го обавиле инспектори од Управата за безбедност и контраразузнавање, кои процениле дека протераните лица се безопасни.
Според италијанското МВР, пак, сите биле фанатични следбеници на самопрогласениот калифат и ги поддржувале терористичките напади во Европа, како и активностите на ИСИС во Сирија.
Петтемина жители се од струшкото село Октиси, четворица мажи и една жена, а според италијанските власти одржувале постојани контакти со познати исламски радикални структури од Босна и Херцеговина.
извор: Охриднет
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст