Ректорот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ од Охрид, Нинослав Марина, и претседателот на Универзитетот за применети науки на Горна Австрија од Линц, Гералд Раизингер, потпишаа Договор за соработка помеѓу двете високообразовни институции.
Интенција е договорот да овозможи интензивирање на научната соработка помеѓу двете институции, пред сѐ во насока на трансфер на знаења и технологии и соработка при реализација на научни проекти.
– Универзитетот за применети науки од Линц претставува водечка образовна институции на Горна Австрија и еден од водечките универзитети во Австрија. Меѓународните проекти, приходите од истражувачката работа и публикувањето во релевантни научни списанија се помеѓу најзначајните карактеристики на оваа научна установа. Сметам дека соработката со Универзитетот за применети науки на Горна Австрија нуди големи потенцијали и јас искрено се надевам дека ќе ги искористиме на најдобар можен начин во интерес на развој и подигање на реномето на Универзитетот „Св. Апостол Павле“, изјави ректорот Марина.
Потпишувањето на Договорот за соработка со Универзитетот за применети науки на Горна Австрија е дел од иницијативата на раководството на охридскиот универзитет за воспоставување ефективна меѓународна соработка помеѓу Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ и реномирани универзитети во светот. Досега во таа нсока се парафирани договори за конкретна научна соработка со над педесет универзитети од Азија, Африка, Европа, Јужна и Северна Америка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст