НУ Турски Театар, ќе ја изведе претставата „Комедија на грешки“од Вилијам Шекспир, а во режија на Коле Ангеловски со почеток во 20.00 часот.
Претставата ќе биде изведена на сцената во Театар Комедија со титл на македонски јазик.
КОМЕДИЈАТА НА ЗАБУНИ (ГРЕШКИ) е едно од најраните шекспирови дела, за првпат изведена на 28 декември 1594. Таа е и најкратката комедија, инспирирана од плаутовите МЕНЕХМИ, но Шекспир го збогатил дејствието, кое се базира на забуните и грешките што настануваат со промената на идентитетот на близнаците. Тоа е брза, скоро фарсична комедија, една од најиграните, преведувана на повеќе јазици, направени се мјузикли, опери, снимени филмови и безброј различни интерпретации.
-Нашата претстава како основа го има шекспировиот текст и времето и времето во кое е напишан. Значи, сценографијата, костимите, музиката, начинот на говор се „шекспировски“ но бидејќи дејствието се случува во Ефес, медитерански град, кој се наоѓа во Турција, нормално е да има многу турски додатоци. Исто така не можеме да бидеме рамнодушни на она што ни се случува денес, така да доста современи референци ќе се најдат во нашата претстава. Но пред се оваа е една забавна и позитивна комедија и длабоко се надеваме дека ќе уживате додека ја гледате, како што ние уживавме додека ја работевме, вели режисерот Коле Ангеловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.