| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто некои луѓе стареат побрзо од другите?

Често заслугите за нечиј младешки изглед се препишуваат на здравствени фактори како исхрана, вежби и здрави животни навики. Научниците од Калифорнискиот универзитет во Лос Анџелес пронашле дека некои луѓе, едноставно, биолошки се предодредени за побрзо страеење.

Научниците пронашле досега најјасен доказ дека пет проценти од човештвото е предодредено да старее побрзо и да умре порано од другите. Авторите на студијата, објавена во едно научно списание, анализирале ДНК од повеќе од 13 илјади лица во Европа и во САД.

Брзината на стареењето е мерена со епигенски часовник, кој го измислил водечкиот автор на истражувањето. Часовникот го пресметува стареењето на ткивото и на крвта, разгледувајќи ја и метилацијата, процесот во кој ДНК се разградува во текот на времето.

Во истражувањето потоа ја зеле биолошката возраст на секоја личност и ја споредиле со нивната вистинска возраст за да го пресметаат животниот век. Научниците биле изненадени кога виделе дека некои од здравите луѓе се биолошки предодредени да умрат побрзо од нивните врсници.

Лицата со биолошки фактори на ризик имаат 50 отсто поголеми шанси за предвремена смрт, без разлика дали пушат или пијат и што јадат.

Истражувачите изјавиле дека овие резултати би можеле да им помогнат да најадат начин за продолжување на здравиот живот кај лицата со повисок ризик.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top