| четврток, 6 декември 2018 |

Како сам си ги уништуваш шансите за редовен секс

Кога ќе ја доживеете љубовта, целиот свет се менува, но се менувате и вие: го поместува умот, ги менува емоциите, ве прави да бидете онакви какви што никогаш не сте биле.

И тогаш на ред доаѓаат прашањата дали таа е вистинската, дали сега е вистинското време. Следува саботажа. Саботажа на прекрасната љубов која можеше да трае со децении.

Време е конечно да откриете зошто до сега ништо не ви успеало да бидете со девојката која ја сакате.

1. Ги уништувате добрите врски затоа што се плашите да се врзете – Престанете да бегате од личноста која е сигурна во тоа дека вредите.

2. Ја откачувате мирната девојка затоа што не се доволно палава и возбудлива – Ќе дојде денот кога ќе сфатите дека токму неа сте ja чекале целиот свој живот.

3. Дозволувате умот да ви го совлада срцето – Колку и да е важно да се вложите со чиста глава, таа може да ве уништи. Дозволете им на работите да течат. Не го попречувајте текот на љубовта заради тоа што имате чудни и необјаснети стравови.

4. Се плашите од тоа што следува кога ќе заврши фазата „меден месец“ – Никогаш не пробувајте да ги предвидите работите и да се плашите од предвиденото. Реалноста никогаш нема да биде иста со тоа што е во вашата глава.

5. Љубопитноста ја претворате во љубомора – Лајкот на Инстаграм и Фејсбук не е мерка за промискуитет. Љубопитноста за тоа што прави таа во слободно време никогаш не треба да се претвори во опсесија.

6. Не можете да си ја оставите гордоста на прагот – Со самото тоа што егото го носите секаде со себе, наместо да го оставите пред прагот на врската, си ја уништувате секоја шанса за успех.

7. Плановите за во иднина ви се поважни од сегашноста – Толку сте загрижени за заедничката иднина што заборавате една клучна работа – сегашноста. Престанете да се грижите за она што допрва ве чека, може да го пропуштите она што ви е пред носот.

8. Си чувате резерва и покрај тоа што веќе најдовте некоја совршена – Нели знаете дека резервата е најголемиот предуслов за неуспешна љубов?

9. Немате доволно доверба во самите во себе – Ако уште во почетокот сте речиси сигурни дека нема да издржите само со неа, тогаш зошто се врзувате? Пробајте да си верувате повеќе. Пробајте да ги следите инстинктите и емоциите. Ќе се изненадите колку лојални можете да бидете кога сакате.

10. Дозволувате другите да ви го моделираат мислењето – Ако врските на другарите завршиле неславно, тоа не значи дека истото ќе ви се случи и вам. Ако вашиот пријател нашол промискуитетна девојка, вашата не мора да е таква. Научете ги границите.

11. Од непозната причина, чувствувате дека едноставно сега не е „вистинското време“ – Верувајте дека времето е вистинско тогаш кога вие ќе решите така. Зарем некогаш е прерано за среќа?

12. Никогаш не давате втора шанса – Зборуваме за малите пречки. Тие никогаш не се гаранција дека другиот се откажал или веќе не ве сака. Вдишете длабоко и пробајте повторно ако мислите дека вреди.

13. Не можете да се одвикнете од бившата која ненајавено се враќа во вашиот живот – Сериозно, ставете крај, тоа што е скршено, не се лепи.

14. Не сакате да се смирите заради мислата дека постојано можете да имате нешто свежо и ново – Верувајте дека пострашно е да се будите сами отколку со едната иста личност секое утро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top