| четврток, 6 декември 2018 |

Холандски новинар убиен во Либија

Холандски новинар е убиен во Либија, додека известувал за офанзивата на владините сили против џихадистите од групата Исламска држава (ИД) во градот Сирт, кој важи за главно упориште на екстремистите во земјата.

Доктор Акрам Гливан, портпаролот на болницита во Мисрата, каде се лекуваат провладините борци, изјави дека новинарот бил „погоден во гради од снајперист на ИД“.

Новинарот е убиен вчера додека известувал од Сирт, кој се наоѓа на 450 километри источно од главниот град Триполи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top