| четврток, 6 декември 2018 |

Направил бункер за дрога во колата – Царината заплени 26 кила марихуана

droga

На 1 октомври 2016 година околу 10:30 часот, на граничниот премин Табановце за излез од Република Македонија се пријавил 59-годишниот Џ.А. инаку државјанин на Република Албанија, управувајќи патничко моторно возило марка „Volkswagen “ со албански регистарски ознаки. На прашањето на царинскиот службеник дали има нешто да пријави за царинска контрола одговорил дека нема ништо за пријавување. Заради сомневање во неговата изјава, царинскиот службеник го селектирал возилото за преглед.

 При вршење на преглед на внатрешноста од возилото под возачкото и совозачкото седиште, царинските службеници се посомневале дека подот има дупло дно. Теписонот од возилото бил залепен за патосот, па откако царинските службеници ги тргнале двете предни седиште и го одлепиле теписонот и изолацијата забележале на подот под двете седишта  специјално направени капаци во вид на врати. Кога ги отворилекапаците царинските службеници ги виделе двата специјално направени бункери  и од нив извадиле  17 пакетчиња, замотани со  кафеава селотеп трака во кои имало опојна дрога –марихуана со вкупна тежина од 26 килограми.

Сторителот и марихуаната беа предадени на инспектори од Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, заради превземање на понатамошни предистажни дејстивја.

Од спроведената предистражна постапка, собрани се материјални и вербални докази кои укажуваат дека осомиченото лице марихуаната ја набавил  во Албанија, и преку Косово и Македонија истата требало да ја однесе во Бугарија. Таму требало да се сретне со уште едно лице и  заедно марихуаната требало да ја носат за Турција. Меѓутоа лицето Џ.А. го  погрешил патот и наместо на граничниот премин Деве Баир, се упатил кон граничниот премин Табановце.

Против сторителот, Царинската управа ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ до надлежното Јавно обвинителство, а сторителот ќе биде изведен пред надлежен истражен судија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top