| четврток, 6 декември 2018 |

Мо­де­ли на чан­ти што ќе ја од­бе­ле­жат есен­та

Оваа есен мо­же да ужи­ва­ме во пра­ктич­ни­те го­ле­ми чан­ти изра­бо­те­ни од ква­ли­тет­на ко­жа, ко­ја е укра­се­на со пре­ци­зен вез во сил­ни, впе­чат­ли­ви бои, но и во ма­ли, мо­дер­ни чан­ти

Се­ко­ја се­зо­на ди­кти­ра по­и­на­кви пра­ви­ла. Во мо­ре­то до­да­то­ци мо­же да од­би­ра­ме ме­ѓу при­род­ни и рас­кош­ни ма­те­ри­ја­ли за чан­ти, ка­ко што е ко­жа­та или ка­ди­фе­то, со ори­ги­нал­ни де­та­ли и не­о­бич­ни фор­ми.

Оваа есен мо­же да ужи­ва­ме во пра­ктич­ни­те го­ле­ми чан­ти изра­бо­те­ни од ква­ли­тет­на ко­жа, ко­ја е укра­се­на со пре­ци­зен вез во сил­ни, впе­чат­ли­ви бои, но и во ма­ли, мо­дер­ни чан­ти.

Ма­ла чан­та за на ра­мо

Оваа кла­сич­на чан­та се­зо­на­ва бе­ше се­ри­о­зен из­вор на инс­пи­ра­ци­ја за ди­зај­не­ри­те и до­а­ѓа во раз­ни об­ли­ци и ве­ли­чи­ни, што мо­же­ше да се за­бе­ле­жи на глав­ни­те мод­ни ре­вии есен­ва. Ме­ка ко­жа, украс­ни де­та­ли и ми­ни­ма­ли­зам, тоа се ка­ра­кте­ри­сти­ки­те што го кра­сат овој мо­дел на чан­та.

fall_winter_2016_2017_handbag_trends_fashionisers

Чан­та од пре­вр­те­на ко­жа со ре­си

Бо­хо сти­лот уште има мно­гу го­ле­мо вли­ја­ние во све­тот на до­да­то­ци­те, а тоа го по­ка­жу­ва и им­пре­сив­на­та се­ри­ја чан­ти со ре­си. За по­от­мен изг­лед од­бе­ре­те мо­дел во сред­на го­ле­ми­на и со по­тем­на ни­јан­са.

Чан­та од зми­ска ко­жа

Овие чан­ти се до­каз де­ка не­кои ра­бо­ти ста­ну­ва­ат мно­гу ди­ви се­зо­на­ва. Од кла­сич­ни­те, не­у­трал­ни ком­би­на­ции до тие со лак и со мал­ку пов­пе­чат­ли­ви бои, чан­ти­те од зми­ска ко­жа се шик и, што е нај­важ­но, мо­же да се но­сат во се­ка­ква при­го­да.

fall_winter_2016_2017_handbag_trends_baguette_bags

Чан­ти без па­тент

Овие чан­ти ќе би­дат акту­ел­ни и оваа есен, но се­га се по­ин­те­рес­ни по­ма­ли­те. На при­мер, „Пра­да“ во сво­ја­та ко­лек­ци­ја прет­ста­ви мо­дел со ле­о­пард­ски де­зен. Оваа чан­та се сме­та за ед­на од нај­по­са­ку­ва­ни­те мо­де­ли за но­ва­та се­зо­на.

Чан­та со укра­сен ко­лан

Не­о­бич­ни мо­де­ли на чан­ти со укра­сен ко­лан прет­ста­ву­ва­ат уште ед­но вра­ќа­ње на тренд од ми­на­то­то, но оваа се­зо­на до­а­ѓа во осве­же­но из­да­ние. Ша­рен вез, раз­ни ме­тал­ни коп­чи­ња и де­та­ли ќе ги осве­жат овие чан­ти и ќе ги на­пра­ват по­ур­ба­ни.

Чан­ти со вез

Овие ве­се­ли чан­ти се укра­се­ни со цве­ќе, пе­пе­ру­ги и со раз­ни до­да­то­ци од сви­лен бро­кат, ап­ли­ка­ции и вез. Од­лич­но ќе ве раз­ве­се­лат во мрач­ни­те есен­ски де­но­ви.

Чан­ти од ка­ди­фе

Ра­скош­но­то ка­ди­фе ве­ќе е нај­а­ве­но ка­ко гла­вен ма­те­ри­јал за есен и зи­ма 2016 го­ди­на. Ком­би­на­ци­ја­та на овој ма­те­ри­јал со син­џи­ри се сме­та за мно­гу еле­ган­тен и кла­си­чен мо­дел, кој се­ко­ја же­на тре­ба да го има во сво­ја­та ко­лек­ци­ја.

fall_winter_2016_2017_handbag_trends_backpacks

Ра­нец

Ран­ци­те до­жи­ве­а­ја го­ле­ма по­пу­лар­ност во ми­на­та­та се­зо­на, а есен­ва до­а­ѓа­ат со но­ви де­та­ли.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top