Американската ѕвезда Ким Кардашијан преживеа вистинска драма во Париз.
Имено, двајца маскирани мажи во полициски униформи во раните утрински часови упаднале во собата во која била сместена Ким Кардашијан во Париз и ја држеле извесно време на нишан. Како што е потврдено, напаѓачите ја ограбиле и однеле накит вреден еден милион долари.
Ким не била повредена во нападот, но многу се вознемирила.
Дека се случило нешто драматично се дознало на концертот на нејзиниот маж Канје Вест. Имено, тој го прекнал својот настап на фестивал во Њујорк со зборовите дека не може веќе да настапува поради семејни проблеми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.