| четврток, 6 декември 2018 |

Дали знаете дека може да направите мармалад од моркови? Еве рецепт…

СОСТОЈКИ:

  • 1 кг моркови
  • 1/2 кг шеќер
  • 4 лимони
  • малку цимет

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  1. Морковите исчистете ги и исецкајте ги. Во сад редете наизменично моркови, шеќер и изрендана кора од лимон.
  2. Преку половина од вкупната количина исцедете сок од еден лимон. Продолжете со редење, исцедете уште еден лимон и посипете со малку цимет.
  3. Ставете половина литар вода и на умерена температура, повремено мешајќи, гответе околу 4 часа.
  4. Ставете во тегли, изладете и затворете.

извор Готви.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top