| четврток, 6 декември 2018 |

Иџе држи лекции во ЕТЦЦ, победи на првата трка во Имола

idze

Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски Иџе имаше одличен старт на трката на патеката „Имола“ откако во првата трка заврши како првопласиран.

„Летечкиот“ Македонец, како што многумина го нарекуваат, стартуваше од четвртото место и водеше долга борба со швајцарскиот возач Крис Ришар. Тој уште од самиот старт дојде на второто место и се бореше храбро, што резултираше со преземање на првата позиција и победа на првата трка. Зад Стефановски и Ришар заврши Аку Пелинен од Финска, а зад него следеа Шрајбер, Наџ, Труфер, Мота…

idze-imola

idze

Победата на Стефановски му донесе 12 бода на контото во „ЕТЦЦ“ шампионатот. За Македонецот има сега уште еден сличен предизвик – втората трка која е закажана од 13.35 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top