| четврток, 6 декември 2018 |

Животниот пат на сопственикот на ЗАРА: Почнал од нула, денес е најбогат човек во светот

Сопственикот на Зара ја презеде позицијата од Бил Гејтс и стана најбогат човек на светот. Според магазинот „Форбс” Амансио Ортега, сопственик на шпанскиот синџир на модни продавници Зара, сега е најбогат човек на светот.

Неговото богатство изнесува 79,5 милијарди долари, а зад него сега се наоѓаа соосновачот на Мајкрософт Бил Гејтс чие богатство вреди 78,5 милијарди долари.

Иако се работи за човек кој моментално е најбогат на светот, за него во јавноста не се знае многу, а и ретко се појавувал во медиумите.

Амансио Ортега Гаона е роден на 28 март во 1936 година во Бусдонго де Абас, во Леоне во Шпанија. Детството го поминал во Леоне, каде го напуштил училиштето на 14 години и се преселил во Ла Коруња каде татко му работел како железничар. Многу брзо нашол работа како локален трговец на текстил каде и самиот научил да рачно да крои облека.

Кариерата ја почнал како продавач во кројачница

Деловната кариера практично ја почнал како продавач во кројачница, а во првиот сериозен бизнис запловил во 1975 година кога отворил своја прва продавница под името Зара. Денес е сопственик на компанијата Индитекс која поседува познати светски брендови како што се Zara, Pull&Bear и Massimo Dutti. Станале познати преку концептот на „брза мода”, а во состојба се да дизајнираат, креираат, да достават и продадат облека за само неколку дена што им дава предност во однос на конкуренцијата во светот.

Во една прилика изјавил дека вистинските пари не лежат во таложење на облека во надеж дека ќе се продаде, туку во тоа на муштериите да им се понуди точно тоа што го бараат и што е можно најбрзо. Тој заклучок ќе биде формула за успех за компанијата која од корен ја разниша индустријата за облека во светот.

Најбогатиот човек на светот не се појавува многу во медиумите, а до 1999 година не е објавена ниту една негова фотографија во јавноста. Досега дал интервју само на тројца новинари.

Познат е по тоа што живее многу едноставен живот

Познат е по тоа што живее многу едноставен живот. Не сака да носи вратоврски и обично носи костум, т.е. бела кошула и сиви панталони. Вратоврска носел само еднаш, на сопствената свадба.

Се работи за човек, кој како што пишуваат шпанските медиуми почнал од нула и наспроти тоа што создал една од најголемите деловни империи на светот, никогаш немал своја канцеларија, па така кој било од вработените може да му пристапи кога сака и без најава.

Според наводите на шпанските медиуми во 2012 година донирал околу 20 милиони евра на хуманитарни организации.

Неговата компанија Индитекс денес е најголем производител на облека на светот, работи во 80 земји, има над 6.000 продавници и нешто над 100.000 вработени. Годишно произведува околу 835.000 парчиња облека. Најбогатиот човек на светот активно учествува во производство и дизајнирање на производи во сопствените компании.

Моментално живее со сопругата од вториот брак во станбена зграда во Галиција во Шпанија, без посебно осигурување. Од двата брака има четири деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top