Најмалку едно лице е тешко повредено од огнено оружје откако вооружен напаѓач отворил оган пред синагога во центарот на Москва, Русија.
Како што јавуваат руските медиуми, вооружениот маж се заканува дека ќе ја запали синагогата, а со себе, освен пиштол, носи и канистер бензин.
Еден член од обезбедувањето на синагогата е повреден во обид да го спречи напаѓачот да влезе во зградата.
Тој е хоспитализиран и е во критична состојба, откако бил погоден во глава и во градите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.