| четврток, 6 декември 2018 |

Католичката црква во паника: Итно ни требаат егзорцисти, ситуацијата е опасна!

%d1%81%d0%b0%d1%82%d0%b0%d0%bd
 Лицата од католичката црква во Италија и САД тврдат дека егзорцисти им се потребни повеќе од било кога, бидејќи се повеќе луѓе се занимаваат со сатанизам.
-Ни недостигаат експерти, ситуацијата е алармантна. Нашите свештеници од ден во ден се соочуваат со се повеќе опседнати- рекол психологот и консултант на Меѓународното здружение на егзорцисти кое го поддржува Ватикан, Валтер Касилои.
Тој тврди дека голем број луѓе учествуватт во окултните и сатански сеанси, кои водат до сериозни последици по психата.Најризична група се младите кои за практицирање на такви сеанси помош наоѓаат на интернет.
-Тоа е феномен кој не смееме да го потцениме. Се се случува под влијание на ѓаволот, но и недостигот на верба и вредности – смета Касиоли.
%d1%81%d0%b0%d1%82%d0%b0%d0%bd2
На прашање како може да се истера ѓаволот од децата, Касиоли вели дека клучот е во образованието.
-Не постои едукација на факултетите. Неопходен ни е пристап во кој науката соработува со религијата, а психијатрите работат заедно со егзорцистите.
Кои се симптомите на опседнатост со ѓаволот?
Експертите тврдат дека симптомите на опседнатост можат да вклучуваат повраќање на метални предмети, говор на изумрени јазици, како арамејски, старогрчки или латински како и многу насилно реагирање на молитивите на ослободување и светата вода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top