Партиска делегација предводена од претседателот на партијата ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во текот на наредната недела планира да оствари посета на Соединетите Американски Држави.
За време на кусата посета планирани се билатерални средби со повеќе конгресмени, сенатори и дипломати кои учествуваат во политичкиот живот на САД и може да придонесат и да помогнат за афирмирање на државните интереси.
Се работи за редовна активност на ВМРО-ДПМНЕ која е дел од заложбите за зголемено меѓународно присуство и активност.
Минатиот месец партиска делегација од ВМРО-ДПМНЕ беше во посета на Берлин, Германија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии