Следната недела треба да биде објавен оглас за четири мерки преку Агенцијата за вработување со кои државата на невработените лица им помага да почнат сопствен бизнис.
– Веќе следната недела се планира нов оглас за четирите мерки кои делумно се кредитирани со многу поволни услови, а дел се грантови. Тука се мерките за самовработување, мерките за младите до 29 години, како и други мерки со кои им се помага на многу луѓе со грант од државата да дојдат до средства со кои ќе може да започнат сопствен бизнис, информира претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски при денешната посета на Свети Николе.
На тој начин, според Груевски, огромен број невработени лица одлучиле да започнат свој бизнис и, како што рече, многу од нив се уште го водат тој бизнис и живеат од тоа, а понекогаш вработуваат и други луѓе.
– Ова се мерки коишто во минатото не постоеја. Ова се мерки кои дојдоа со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт. Една по една се креираа и се уште успешно се користат. Секоја година се алоцираат средства за ова и секоја година со овие средства имаме нови невработени што стануваат вработени, рече Груевски, најавувајќи дека и во иднина ќе продолжи реализацијата на тие мерки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Нов закон во Франција: Казна три години затвор и 45.000 евра за секој политичар што ќе си вработи член на семејството


