Индустриското производство во август оваа година, во споредба со истиот период лани, е зголемено за 5,2 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во август 2016 година, во однос на август 2015 година, бележи опаѓање од 10,5 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 8,4 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 0,9 отсто.
Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред се, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на текстил, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на други неметални минерални производи, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел.
Според главните индустриски групи, производството во август 2016 година, во однос на август 2015 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1 отсто, Капитални производи за 60,8 отсто и Трајни производи за широка потрошувачка за 69,9 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за 2,3 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 11,6 отсто. Индустриското производство во периодот јануари – август 2016 година, во однос на периодот јануари – август 2015 година, е зголемено за 5,5 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.