| четврток, 6 декември 2018 |

Шверцер на мигранти избегал од канцеларија на судија

Во Основниот суд Скопје-1 вчера околу 10 часот од канцеларија на судија избегал А.Б.(29) од село Арачиново.

МВР денеска соопшти дека тој бил приведен и во 10 часот со писмена наредба бил предаден на судијата за итен притвор. Откако судијата ја потпишал наредбата и полициските службеници излегле надвор пред канцеларијата, А.Б искористил можност и избегал, односно скокнал преку отворениот прозор од канцеларијата.

Инаку, А.Б. секој понеделник се јавувал во судот во врска со случај за „криумчарење  мигранти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top