| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се чисти кањонот на Матка

matka

Асоцијацијата за чиста животна средина „Ајде Македонија“ денеска организира промотивна акција за чистење на Матка, како најава за националната акција за чистење, која ќе се одржи в сабота на 150 локации во 50 општини низ Македонија.

Националната акција е во рамки на проектот „Македонија без отпад 2016“, кој има цел да го исчисти отпадот кој се наоѓа на несоодветни места во околината, да развие свест кај граѓаните за правилно управување со отпадот и да развие механизам за поддршка на граѓаните, општините и другите засегнати групи за подобро да се справат со неорганизираното и незаконско фрлање отпад во нивните заедници.

Со тоа Македонија се вклучува во глобалната акција „Let do it world“, поддржана од Европскиот парламент и спроведена во 127 земји во 2015 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top